сабота, 17 ноември 2018 | Вести денес: 20 ново

Утре неработен ден, а наскоро уште еден

Илинден, 2 август, утрешниот ден е неработен.

Од празниците кои „пропаѓаат“ како неработни денови, поради тоа што се паѓаат во сабота, оваа година ќе ги „загубиме“  Денот на независноста на 8.  септември и Св. Климент Охридски на 8. декември.

Во продолжение комплетната листа со неработни денови за 2018 година

За сите граѓани на РМ

• 02 август (четврток), Ден на Републиката

• 8 септември (сабота), Ден на независноста

• 11 октомври (четврток), Ден на народното востание,

• 23 октомври (вторник), Ден на Македонската Револуционерна Борба,

• 8 декември (сабота), “Св. Климент Охридски”

За граѓаните од православна вероисповед

• 28 август (вторник), Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица)

За граѓаните од католичка вероисповед

• 01 ноември (четврток), Празникот на сите светци

• 25 декември (вторник), првиот ден на Божик

За граѓаните од муслиманска вероисповед

• 21 август (вторник), Курбан Бајрам, првиот ден на Курбан Бајрам

За граѓаните припадници на албанската заедница во РМ

• 22 ноември (четврток), Ден на Албанската азбука

За граѓаните припадници на еврејската заедница во РМ

• 19 септември (среда), Јом Кипур, првиот ден на Јом Кипур

За граѓаните припадници на бошњачката заедница во РМ

• 28 септември (петок), Меѓународен ден на Бошњаците

За граѓаните припадници на турската заедница во РМ

• 21 декември (петок), Ден на настава на турски јазик

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top