среда, 17 октомври 2018 | Вести денес: 1 ново

Кривична против две негувателки од штипска градинка за запуштање на дете

Две негувателки од детска градинка во Штип добија кривични пријави за торено кривично дело „запуштање и малтетирање на малолетно лице“. Кривичните пријави се поднесени против 59-годишните Б.С. и Р.В.

„На 05.07.2018 година во времето од 07,00 до 14,30 часот во Штип во детска градинка пријавените, вработени како згрижувачки работник – неговател, додека биле на своите работни места, дозволиле двегодишно дете да се здобие со телесни повреди нанесени од страна на друго малолетно дете, згрижено во истата група“, велат од полицијата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top