четврток, 20 септември 2018 | Вести денес: 117 ново

Kолку чинат лежалките и кафе или пиво во Охрид во екот на сезоната

Оваа лето не им се погоди баш на ниту на оние кои сакаат да се одморат и да уживаат во водите на Охридското Езеро, ниту пак на угостителите.

Постојаниот дожд и температурите кои не се баш карактеристични за овој период од годината, го полнат Охрид само за викенд. Во работните денови, Охрид не е тоа што бил некогаш.

Кога е викенд и плажите се полни и се бара место плус.

Изнајмување на лежалка чини од 100 до 200 денари, во зависност од плажата.

Кафе може да испиете за 50 или 60 денари. Сокче или пиво за 70, 80 денари.

Ако сакате да јадете на плажа, ќе треба да одвоите од 100 до 200 денари.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top