четврток, 20 септември 2018 | Вести денес: 117 ново

Емери со поддршка за Озил: Сите сме зад него, тој е зрел човек и сам проценува

Новиот тренер на Арсенал, Унаи Емери го поддржа Месут Озил по проблемите на фудбалерот во неговата татковина Германија.

Озил се откажа од репрезентацијата на крајот на минатата недела, поради односот што го добил во Германија по сликата со турскиот претседател, Реџеп Тајип Ердоган. Во отворено писмо, Озил посочи дека почувствувал „расизам и непочитување“ кон себе.

– Арсенал е домот на Озил и тој се чувствува добро тука. Сите сме зад него и се радуваме дека ги започнува подготовките за новата сезона. Ја почитувам неговата одлука, тој е зрел човек и сам проценува. Не сме зборувале, зашто неодамна пристигна во кампот, рече Емери.

Одлуката на Озил да се повлече од репрезентацијата предизвика бурни реакции во земјата. Германската влада му одговори дека „повеќето Турци во земјата се добро интегрирани“, додека претседателот на Баерн Минхен, Ули Хенес беше уште поостар во изјавата и изјави дека и онака одамна игра многу слабо за „панцирите“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top