петок, 17 август 2018 | Вести денес: 2 ново

Деми Ловато се предозира со хероин, итно пренесена во болница

Американската пејачка Деми Ловато денеска е хоспитализирана откако се предозирала со хероин, пренесува ТМЗ. Таа со Брза помош била пренесена од нејзиниот дом во Холивуд Хилс во болница во Лос Анџелес.

Пејачката, која имаше проблеми со наркотиците уште како дете, наводно била трезна во изминатите 6 години. Во последната песна „Sober“, 25-годишната пејачка открива дека неодамна повторно им се вратила на пороците, после неколку години.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top