недела, 21 октомври 2018 | Вести денес: 74 ново

Турист нокаутираше газда на плажа во Хрватска (ВИДЕО)

Концесионер на плажа во Селце во Хрватска доби нокаут откако почна да се расправа и да ги навредува туристите нарекувајќи ги идиоти, мајмуни и крадци.

-Дојди горе мајмун еден, идиот еден глупав, дојди горе. Да беше храбар ќе дојдеше горе. Не ве сакам тука, вие сте идиоти, неандерталци – им вели тој на туристите.

Откако еден турист го оттурна, концесионерот му рече дека не знае со кој си има работа, по што гостинот изгуби стрпение и го удри.  Концесионерот падна на лежалката, а потоа се повлече, но и продолжи да му вика „Дојди горе идиот еден“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top