сабота, 22 септември 2018 | Вести денес: 63 ново

Meркел се огласи за ситуацијта со Озил: Неговата одлука сите мора да ја почитуваме

Фудбалерот на Арсенал, Месут Озил објави дека ја напушта германската репрезентација каде го посочи расизмот и непочитувањето од одредени фактори во германскиот фудбал како главна причина за неговиот потег. За тоа веднаш доби напад преку медиумите од претседателот на Баерн Минхен, Ули Хенес кој истакна дека Озил и онака не играл ништо за германската репрезентација.

За случајот се огласи и германската канцеларка, Ангела Меркел која сакаше да предочи дека се работи само за спорт и дека германскиот репрезентативец донел одлука која треба да се почитува.

– Месут Озил придонесе мнгоу и остави голем печат со игрите во германската репрезентација. На крајот, донесе одлука со што нема да настапува во репрезентацијата и сите ние мора да го почитуваме тоа, беше децидна германската канцеларка.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top