вторник, 13 ноември 2018 | Вести денес: 1 ново

Снаата на Цветанка Ласкова ја регистрирала фирмата 43 дена пред да добие грант од 330.000 евра

ИТ фирмата „Декодикс” од Скопје од Фондот за иновации и технолошки развој на неодамнешниот конкурс доби 20 милиони денари или околу 330.000 евра за проект наречен „Декодирај – Ме”. Фирмата е регистрирана 43 дена пред да го добие грантот и досега не е позната во информатичкиот сектор, а меѓу сопствениците на фирмата е и сопругата на синот на Цветанка Ласкова, советничката за култура во кабинетот на премиерот Зоран Заев.

За проектот „Декодирај – Ме“, фирмата „Декодикс“ планира да инсвестира сопствени средства од 8,5 милиони денари или околу 130 илјади евра. Меѓу сопствениците на фирмата „Декодикс“ е Христина Керкез, сопруга на Горан Кан Керкез, син на Цветанка Ласкова.

По објавените примери во кои фирми на владини службеници (Кочо Анѓушев), пратеници (Хари Локвенец) добиле грантови од Фондот за иновации, премиерот Зоран Заев најави дека ќе бидат преиспитани сите сомнителни процеси.

Основното јавно обвинителство денеска соопшти дека отвори предмет по допрен глас за сите овие сомневања за конфликт на интереси.

Фирмите во кои Анѓушев и Локвенец имаат удел веќе соопштија дека се откажуваат од добиените пари од Фондот за иновации.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top