петок, 19 октомври 2018 | Вести денес: 0 ново

Фирми блиски до вицепремиерот Анѓушев повторно во игра за државни пари

Дали фирми каде сопственички удел има вицепремиерот за економски прашања, Кочо Анѓушев, ќе добијат нова транша помош од државата? Според документите до кои денеска дојде Алсат М, шефот на кабинет на вицепремиерот, Софче Јовановска, како претседател на Комисијата за евалуација, ги рангирала фирмите „Брако“ и „Каст-инвест“ како можни добитници на државна помош и за унапредување на бизнисот, анализира телевизија Алсат.

Заклучокот од евалуацијата е испратен до Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот. Се очекува попладнево, владината Комисија за економски систем, која ја предводи самиот вицепремиерот Анѓушев, да ја донесе прелиминарната одлука за државна помош на повеќе фирми.

Извештајот со позитивна евалуација за фирмите, меѓу кои и оние каде удел има и вицепремиерот Анѓушев бил веќе испратен на 19-ти овој месец. Потпис ставила Софче Јовановска, а меѓу членовите има и други владини претставници. Во делот на оценка за компанијата „Брако“, Комисијата напишала:

Државна Комисија за евалуација:

„Комисијата е на мислење дека компанијата ги исполнува условите за добивање на финансиска поддршка заради: Врши производствена/и дејност/и – 25.93. Производство на жичани производи, синџири и пружини; инвестицискиот проект од деловен план е врзан со производствената дејност; има раст на приходи и има ист, односно пораст на вработени.“

Освен „Брако“, на листата на позитивно оценети фирми е и Друштвото за трговија и услуги КАСТ ИНВЕСТ ДОО. Токму оваа фирма беше и на списокот добитници на пари од државата од Фондот за иновации и технолошки развој. И за оваа компанија, Комисијата за евалуација е со мислење дека фирмата ги исполнува сите услови за добивање државна парична помош, објави Алсат.

Помошта за сите фирми кои ги евалуирала Комисијата е направена по измените на Законот за поддршка на инвестиции зад кој цврсто застана самиот вицепремиер Кочо Анѓушев.

Од собраниската говорница тој убедуваше дека измените ќе овозможат транспарентна постапка за државна помош на фирми, пракса која во минатото според него, била заобиколувана од Владата на ВМРО-ДПМНЕ, финансирајќи дваесетина фирми со милионски суми, објави телевизијата.

Денеска попладне од компанијата „Брако“ излегоа со соопштение до медиумите каде известуваат дека „Брако“ нема да поднесе Барање за исплата на финансиска поддршка од Планот за економски раст.

-Апликацијата во првата фаза е дали ги исполнуваме општите критериуми и дали се квалификуваме. Брако одлучи да не поднесе Барање за исплата на финасиската подршка од Планот за економски раст, стои во соопштението.

Кастинвест се откажува од грантот од Фондот за иновации

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top