четврток, 16 август 2018 | Вести денес: 1 ново

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ се избори за клучните барања, Закон за финансирање на политичките партии, ДИК и Пржинска влада

После неколку часови преговори денеска, но и на претходната средба владата се согласи на позициите на ВМРО-ДПМНЕ, а тоа е дека е неопходно носење на закон за финансирање на политичките партии, исто така измени во законот за влада кои што подразбира формирање на техничка влада по пржинскиот концепт кои што услови ги имаше опозицијата во декември месец 2016 година и ниту повеќе ни помалку, ова го истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

-Процедурата која што е започната за формирање на Државната изборна комисија преку измени на изборниот законик на начин на кои што ќе се смени бројот на пратеници кои ќе гласаат за членови на ДИК и наместо 2/3, да биде со мнозинсто од вкупниот број на пратеници ќе се стопира и повлече и ќе се врати старата процедура и до овој момент не преговаравме за други теми, ниту за карактерот на референдумот или евентуалното референдумско прашање, во втората половина од денот очекуваме и на таа тема да зборуваме, вели Мицкоски.

Тој додава дека важно е дека донеле усогласености за успешен изборен процес кога и да се случи и дали тоа ќе бидат предвремени или редовни парламентарни избори, опозицијата ќе се чувствува комотна бидејќи ќе ги има истите услови како што ги имаше тогашната опозиција на изборите во 2016 година.

Исто така законот за финансирање на политички партии е голем чекор бидејќи на тој начин добиваме еден модел кој што гарантира зголеменост на транспарентноста и отчетноста на финансиите на сите политички партии и ќе превенира од евентуална злоупотреба во иднина. Владеачкото мнозинство ги прифати тие позиции и исто така позициите на ВМРО-ДПМНЕ беше дека она девијантно однесување преку насилнички упад во изборниот законик ќе се сокрие и ќе можеме да дискутираме за едно нормално однесување во рамки на преговорите, додава Мицкоски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top