четврток, 16 август 2018 | Вести денес: 1 ново

Претставата „Вдовицата се мажи“ вечерва на „Скопско лето“

Во рамките на „Скопско лето“вечерва ќе се одигра театарската претстава „Вдовицата се мажи“, според „Мечка“ од А.П.Чехов, во Театар „Комедија“ со почеток во 20 часот.

Претставата има добиено две награди на Интернационалниот театарски фестивал „Руска класика“ во Москва, и тоа за најдобра странска претстава и за најдобар актерски ансамбл.

„Вдовицата се мажи“ е адаптација на едночинката „Мечка“ од Антон Павлович Чехов, напишана во 1888 година. Претстава која на комичен и атрактивен начин за гледање ја раскажува приказната за вдовицата Попова, која седум месеци е во траур по смртта на сопругот и одбива да излезе од имотот и да прима посети. Комуницира единствено и само со нејзиниот лакеј Лука и вработените на имотот. Кај неа ненадејно доаѓа Смирнов, артилериски поручник во оставка и кредитор кој си ги бара назад парите кои му ги должи покојниот сопруг на Попова. „Вдовицата се мажи“ е комедија на карактери која изобилува со брзи дијалози, силни емоции и ненадејни пресврти. Претстава за едноставната комплексност на човековата природа, за тенката граница помеѓу омразата и страста, за човекот кој честопати знае да биде чуден, а прекрасен и туѓ на себе.

Утре вечер, на 24.07.2018, вторник, ќе се одржи концерт „Ветришта од Шпанија: Песна и Сарсуела“ (“AIRES DE ESPAÑA: CANCIÓN Y ZARZUELA”) на Марија Еухениа Бош (Maria Eugenia Boix) – сопран и Ана Фере (Anna Ferrer) – пијано – Шпанија, со почеток во 20:30 часот во Музеј на Град Скопје. Концертот е во соработка со Амбасадата на Кралството Шпанија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top