сабота, 17 ноември 2018 | Вести денес: 48 ново

Се зголемува португалската колонија: Жоао Мутињо се сели во Вулверхемптон

Искусниот португалски интернационалец, Жоао Мутињо е блиску до трансфер во новиот премиерлигаш, Вулверхемптон. 31 годишниот фудбалер кој е член на Монако за пет милиони фунти ќе се пресели на „Мулинукс“ и во новата сезона ќе го носи дресот на Вулверхемптон.

Вулверхемптон ќе му понуди двегодишен договор на Мутињо кој ќе биде прв избор на средината на теренот заедно со најдобриот фудбалер на клубот, Рубен Невеш.

Искусниот фудбалер во својата репрезентативна кариера има забележано 113 настапи, додека во клупската кариера со успех ги носел дресовите на Спортинг Лисабон, Порто и Монако.

Англискиот тим кој минатата сезона беше убедлив во Чемпионшип дивизијата и обезбеди пласман во најсилната лига, со Мутињо само ја зголемува колонијата Португалци во тимот. Тренер на екипата е Португалецот Нуно Еспирито Санто, летвото за нив потпиша голманот Руи Патрисио, а освен него во тимот има уште петмина Португалци.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top