понеделник, 19 ноември 2018 | Вести денес: 72 ново

Озил се повлече од германската репрезентација: Германец сум кога ќе победиме, мигрант кога ќе загубиме

Германскиот фудбалер Месут Озил соопшти дека се повлекува од репрезентацијата и дека нема повеќе да го носи дресот на германската репрезентација. Озил преку проштално писмо се збогуваше со германскиот национален дрес, за кој што вели дека некогаш го носел со гордост, меѓутоа тоа повеќе не било случај.

– Во последните неколку седмици имав време да размислам за сето тоа што се случуваше во последните месеци. Сакам да ги споделам своите чувства и мисли за се што се случи. Како и кај многу други, моето потекло влече корени од друга земја. Додека растев во Германија, мојата семејна позадина има свои корени цврсто засновани во Турција. Јас имам две срца, едното во Германија, а другото во Турција. Нема да играм во репрезентацијата додека имам чувство на расизам и непочитување. Некогаш со гордост го носев германскиот дрес, но повеќе не е така.

– Кога високопозиционирани лица од фудбалскиот сојуз ме третираа така како што ме третираа, непочитувајќи ги моите турски корени и себично ме вметнаа во политичка пропаганда, тогаш доста. Јас сум Германец кога ќе победиме, а имигрант кога ќе загубиме.

– Нема повеќе да бидам жртвено јагне. Дали постојат критериуми за да се биде вистински Германец и дали јас се вклопувам во нив? Моите пријатели Лукас Подолски и Мирослав Клосе никогаш не ги нарекуваат Германци – Полјаци, па зошто тогаш сум јас Германец – Турчин? Дали е тоа поради Турција? Дали е тоа поради што сум муслиман?, напиша Озил меѓу другото во своето писмо до јавноста.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top