петок, 19 октомври 2018 | Вести денес: 0 ново

Се бара оставка од Филипче – Алијансата на Албанците незадоволна од работата на министерот за здравство

Контроверзниот тендер на Министерството за здравство за набавка на реагенси, на кој победи компанијата АХР ЛАБ увоз-извоз, формирана пред само неколку месеци, предизвика реакција и од Алијанса за Албанците, партија на која пред стапувањето на Венко Филипче на оваа функција, ѝ беше „одземено“ Министерството за здравство.
Од Алијансата велат дека министерот за здравство ја користи „маглата околу проблемот со името на земјата и договорот со Грција“ и продолжува „со истата песна објавувајќи тендери со правилата од минатото, овој пат во износ од не помалку од 35 милиони евра“.
Овој скандалозен тендер кој произлегува од проектот за централизирање на биохемиски лаборатории на централно ниво е многу сомнителен бидејќи победничката компанија ќе има монопол на целиот бизнис на биохемиски апарати и реагенси за период од три години.

Од Алијанса за Албанците бараат овој проект да се прекине веднаш, а „врз основа на бројните неправилности во овој тендер но и на другите скандали од почетокот на мандатот, Алијансата за Албанците бара оставка од министерот за здравство, како морален чин кон населението кое добива најлоши здравствени услуги во регионот“

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top