понеделник, 22 октомври 2018 | Вести денес: 100 ново

Британците го отфрлаат планот на Меј за „Брегзит“

Британската јавност е масовно против плановите на премиерот Тереза ​​Меј за напуштање на ЕУ, откако над една третина од гласачите би поддржале нова десничарска партија, која ќе ја изведе земјата од Унијата според истражувањето, цитирано од ДПА и медиуми.

Анкета на агенцијата за јавни анкети „ЈуГов“, направена за „Сандеј тајмс“, покажа дека гласачите би сакале Борис Џонсон, кој се повлече од функцијата министер за надворешни работи пред две недели, да преговара со ЕУ и да ја води Конзервативната партија на следните избори.

Само 16% од гласачите велат дека Меј се справува добро со „Брегзит“ наспроти 34 отсто, според кои Џонсон ќе заврши подобра работа, покажа истражувањето.

Само околу осум месеци пред Велика Британија да излезе од ЕУ на 29 март следната година Владата на Меј, парламентот, јавноста и компаниите остануваат длабоко поделени во своите ставови како треба да изгледа „Брегзит“.

Плановите на Тереза ​​Меј за зачувување на блиски трговски односи со ЕУ ја турна владата во криза овој месец, откако двајца од министрите, вклучувајќи Џонсон, поднесоа оставки поради овој план.

Само еден од десет гласачи би го избрале владиниот план за „Брегзит“ ако има втор референдум, според анкетата. Речиси половина од нив сметаат дека планот е лош за Велика Британија.

Истражувањето, исто така, покажува дека гласачите се повеќе се поларизирани, со бројот на луѓе кои не се согласуваат со ниту една од двете главни партии.

Според анкетата, 38 проценти од луѓето би гласале за нова десничарска партија која го поддржува „Брегзит“ додека речиси една четвртина би поддржала јасно изразена крајнодесничарска, антиимигрантска и анти-исламска партија.

Поддржувчите на „Брегзит“ Најџел Фараж и Стивен Банон, поранешен советник на претседателот на САД, Доналд Трамп, дискутираат за формирање на ново десничарско движење, пријави „Сандеј тајмс“.

Половина од гласачите ќе го поддржат престојот на Велика Британија во ЕУ ако има втор референдум, се вели во студијата.

„ЈуГов“ разговарале со 1.668 луѓе над 18 година во Велика Британија на 19 и 20 јули, објави „Сандеј тајмс“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top