четврток, 16 август 2018 | Вести денес: 1 ново

Фенг шуи совети за привлекување љубов

Промената во околината која не опкружува е најдобар начин за привлекување љубов во животот.

1. Заменете ги сликите на осамените личности со слики на среќни парови

Уметничките работи имаат значително влијание на нашата историја.

Кога ќе се опкружите со фотографии, слики, или скулптури на соло личности, постепено ќе се прилагодите кон таа визија.

Замената на таквите слики со среќн парови ќе ве направат поотворени за љубов.

2. Креирајте го распоредот за седење за парови

Фотељите праќаат гласна и јасна порака – тргни се!

Затоа, ако барате љубов, креирајте распоред на седење прилагоден на романтични парови.

Двоседи и столчиња разместени по ќошиња, ќе пратат сигнал дека сте подготвени за врска.

3. Исфрлете го телевизорот од спалната соба

Ништо не ја убива романтиката како гледање телевизија во спалната соба.

Ако имате проблеми со спиењето, обидете се со читање на љубовна поезија, или роман.

На тој начин вашата потсвест ќе креира виртуелен љубовен магнет.

4. Набавете сензулана прекривка

Старата перница со најобични, или детски сликички нема да го направи вашиот секуален живот интересен.

Купете свилени, или сатенски перници, прекривки и чаршафи. Тие ќе ја повикаат страста во креветот.

5. Набавете помал кревет

Спиењето на голем кревет нема да ја подобри интимноста.

Инвестирајте во нов кревет со нешто помали димензии ако сакате да ја пронајдете љубовта на својот живот.

Ако не сте во можност, потрудете се да ставите перничиња кој барем малку ќе го намалат слободниот простор во креветот.

6. Подгответе се за друштво

Иако живеете сами, дел од просторот во плакарот нека ви биде слободен. Исто така ставете уште една четкичка за заби.

На тој начин демонстрирате воља за делење на просторот со уште некој. Вашите романтични потенцијали ќе бидат освежени.

7. Тргнете го креветот од ѕидовите

Ако го наслоните креветот на ѕид, на тој начин ќе ги спречите сите шанси за влегување на љубовта во животот.

Креветот разместете го така да има доволно емсто за поминување околу него од сите страни.

Пред да успеете да го заобиколите, во креветот ќе влезе љубовта.

8. Направере идеален „љубовен гуа“

Користете ја влезната врата на домот како појдовна точка.

Најодалечениот десен агол го преставува вашиот однос со апртнерот и е познат како „љубовен гуа“ во Фенг Шуи.

Затоа, тоа катче направете го идеално љубовно подрачје. Удобен стол со прилагодливо освелување е идеален за тоа посебно место.

9. Семејството поставете го таму каде што му е местото

Вашата спална соба го преставува вашиот романтичен живот.

Затоа последната работа која во неа би можеле да ја ставте е сликата од вашите родители.

Детските уметнички творби и играчки исто така ќе го уназадат вашиот љубовен живот.

Почитувајте го односот со семејството, но на поприкладни места од вашата спална соба.

10. Размислувајте розево!

Топлите бои како црвента, или розовата значително ќе го оживеат вашиот љубовен живот.

Понежните и пастелните нијанси ќе привлечат нежен партнер, додека темните бои ќе привлечат партнер кој ја открие вашата страст.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top