петок, 19 октомври 2018 | Вести денес: 0 ново

Циклонот Флоријан доаѓа кон Македонија: Носи големо невреме

Под влијание на МОЌНИОТ ФЛОРИЈАН кој веќе го зафати регионот во текот на утрешниот понеделнички ден доаѓа и во нашата држава па времето ќе биде променливо облачно и нестабилно а во претпладневните часови услови за локален дожд и грмежи има особено на северозапад и север додека од доцните пртетпладневни и пладневни часови па натаму на многу места ќе има пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Локално процесите ќе бидат ИНТЕНЗИВНИ и во форма на НЕВРЕМЕ проследено со интензивен пороен дожд, силни електрични празнења, силен ветер и појава на град па затоа на граѓаните во вакви временски услови ги советуваме да бидат крајно претпазливи додека пад овчарите своите стада да ги делат во помали групи со цел да ги заштитат.

Исто така додека траат електричните празнења граѓаните своите домашни уреди задолжително да ги исклучуваат а во случај на силен ветер да внимаваат каде се движат и каде ги ставаат автомобилите.

Максимумот на температурите на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 30 до 37 степени меѓутоа навечер и во текот на ноќта кон вторник ќе бележат тенденција на значителен пад.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top