среда, 17 октомври 2018 | Вести денес: 14 ново

Јапонска легенда за сродните души: Светот си има свои пречки, но ништо не е случајно

Постои една јапонска легенда за црвените нишки, која следејќи ја традиционалната филозофија, ги објаснува животните мистерии на многу романтичен начин.

Затворете ги очите. Замислете како вашата кожа станува проѕирна. Замислете ја сложената мрежа на вашите крвни садови кои всушност, го држат вашето тело во целина. Нашето постоење им го должиме токму на овие нишки, кои за нас значат живот.

Обратете внимание на еден посебен канал – оној кој го поврзува срцето со вашиот најмал прст. Според ова јапонско гледиште, токму најмалиот е вистинскиот претставник на срцето. Сетете се, дека уште како деца, кога сте склучувале мир ако сте биле скарани со некого, сте го подавале вашиот најмал прст, а тој на другата страна го вкрстувал со вашиот, во знак на помирување.

Јапонската традиционална легенда вели дека овој крвен сад не завршува на врвот на прстот, туку од него продолжуваат невидливи црвени нишки, кои нашето око не може да ги види, но нашето срце е способно да ги почувствува. На овој начин, нашите нишки се испреплетуваат со оние на другите луѓе, па често доаѓа до создавање на цврсти чворови. Ваквите бескрајни нишки гарантираат дека во животот ќе се споиме со многу луѓе, но и дека ако некој е предодреден да биде во вашиот живот, тој ќе дојде до вас, или вие до него, без разлика колку и да живеете далеку еден од друг.

Овие нишки некогаш се расплетуваат, некогаш пак, се заплеткуваат, но врската меѓу вас и личноста која треба да дојде во вашиот живот е нераскинлива.

Ваквото гледиште на животот дало цврста основа за холистичката филозофија, според која нашата витална суштина не се наоѓа само во рамките на телото, туку и надвор од него. Учителите од оваа област веруваат дека ако длабоко навлезете во ваквата филозофија, ќе почнете да ги „гледате“ овие нишки и да чувствувате кога се вкрстуваат со други, а со тоа и да се разбере концептот на единството.

Ако некогаш за некого сте помислиле дека со причина е дел од вашиот живот, тогаш апсолутно сте во право. Јапонската филозофија тврди дека нашиот живот се движи по одредена патека која ни ја направил самиот Универзум, исплетена токму од овие црвени нишки. Затоа и Јапонците често велат: Светот си има свои пречки, но ништо не е случајно.

 

извор: crnobelo.com

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top