четврток, 16 август 2018 | Вести денес: 1 ново

Двајца сопружници и дете – Познат идентитетот на тројцата загинати кај Романовце

Три лица денеска околу 11.45 часот загинаа кај железничката пруга кај местото „Превој“ во близина на селото Романовце, кумановско, откако товарен воз удри во автомобил марка „Голф“ со скопски регистарски ознаки.

Станува збор за возачот Н.Б и сопатничките С.Б и З.Б, потврдуваат од полицијата, но според неофицијални информации станува збор за двајца сопружници и дете, јавува локалниот поретал Кумановскимуабети.мк. Четвртиот сопаник И.Б. успеал да се спаси откако скокнал од возилото секунди пред ударот.

Товарниот воз беше кобен за семејството од Арачиново. Од болнички извори порталот јавува дека телата на загинатите се веќе предадени на семејствата за погреб. Сообраќајот е во прекин, а увидот на полицијата се уште трае.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top