четврток, 16 август 2018 | Вести денес: 1 ново

Локвенец: Ги повикав содружниците да се откажат од грантот од Фондот за иновации

По вицепремиерот Кочо Анѓушев и пратеникот на СДСМ, Хари Локвенец во изјава за 1Тв вели дека ги повикал содружниците да се откажат од грантот тежок 162.000 евра од Фондот за иновации.

– Ги повикав содружниците да се откажат од грантот од Фондот за иновации од 160.000 евра. Морам да потенцирам две работи. Прво дека никогаш не сум учествувал во раководењето на фирмата, а акционер сум од 2000-та година. Второ имам друга фирма на исто име и иста жиро сметка, фирма која ја имаше во бомбите, која беше наменски казнувана цел тој период. Мора да потенцирам дека во оваа држава мораме да ја градиме довербата во институциите и само така ќе ја изградиме европска Македонија за која сите сонуваме, вели Локвенец.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top