петок, 19 октомври 2018 | Вести денес: 0 ново

Трагедија утрово кај Романовце: Три лица загинале по удар на воз во автомобил

 

Три лица од скопско Арачиново загинаа денеска откако товрен воз удрил во автомобил „голф“ на преминот кај кумановско Романовце, потври МВР. Несреќата се случила околу 11.45 часот пред железничкото стојалиште „Превој“ помеѓу железничките станици Куманово и Романовце на одбележан железнички патен премин.

Во „голфот“ со скопски ознаки, удрил товарен воз на „Македонски железници“. Во несреќата загинале возачот Н.Б и сопатничките С.Б и З.Б, а четвриот сопатник И.Б успеал да скокне од возилото пред ударот.

Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Куманово се уште вршат увид. Сообраќајкот на овој патен правец е во прекин.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top