вторник, 16 октомври 2018 | Вести денес: 99 ново

Предупредување до претседателот на САД: Господине Трамп, не си играјте со опашката на лавот

Иранскиот претседател Хасан Рохани упати остро предупредување до претседателот на САД Доналд Трамп, објави агенцијата ИСНА, а пренесе „Ројтерс“.

– Господине Трамп, не си играјте со опашката на лавот, поради тоа може да зажалите, порачал Рохани.

Тој навел дека “Америка треба да знае дека мир со Иран е мајка на секој мир, а војната со Иран е мајка на сите војни“.

Иранскиот врховен лидер, Ајатолахот Али Хамнеи во сабота изјавил дека очигледно било грешка да се преговара со САД бидејќи е невозможно да и се верува на САД и додал дека го поддржува предлогот за блокирање на извозот на нафта за заливските земји доколку дојде до укинување на извозот на нафта од Иран.

– На збор, па дури ни на потпис, невозможно е да се верува на Американците, па со тоа преговорите со Америка не беа од корист, изјавил Хамнеи на состанокот со официјалните лица од министерството за надворешни работи на Иран, пренесе „Ројтерс“.

Како што наведува агенцијата повикувајќи се на неговиот официјален сајт, тој додал дека преговорите со САД биле “очигледна грешка“. Тој исто така го поддржал предлогот на иранскиот претседател Хасан Рохани за можна блокада на извозот на нафта од земјите на Персискиот залив доколку дојде до блокада на извозот на нафта од Иран

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top