сабота, 18 август 2018 | Вести денес: 13 ново

Скопјанец се обидел да раздели тепачка, напаѓачот тргнал да го боде со нож

Вчера околу 15  часот во Секторот за внатрешни работи Скопје, Ј.Ц. (46) пријавил дека истиот ден околу 14.55 часот на улицата “Горно Лисиче“ при излегување од гостилницата здогледал 17 годишен малолетник како физички напаѓа друго малолетно лице.

Потоа Ј.Ц. му рекол да напаѓачот да престане, но малолетникот почнал да го навредува и да му се заканува, по што извадил нож и пробал да го прободе пријавителот во пределот на стомакот, но истиот ја пружил раката така што му била нанесена расекотина. Ј.Ц. бил пренесен во Градската општа болница “Свети Наум Охридски“ каде од страна на лекар констатирана му била телесна повреда по што бил пуштен на домашно лекување.

Сочинет бил записник за констатиран прекршок по чл.12 од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top