понеделник, 22 октомври 2018 | Вести денес: 1 ново

Димитриевски за контроверзните тендери и грантови: Не уривавме режим и криминал за да ни се случува дежаву!

Ниту јас, ниту премиерот Заев, ниту сопартијците, симпатизерите и сограѓаните, уривавме режим, криминал, беззаконие, корупција, за да на сите нас ни се случува дежаву, реагира кумановскиот градоначалник од редовите на СДСМ Максим Димитриевски, во однос на информациите дека новоформираната компанија треба да добие тендер во здравството тежок 35 милиони евра, а компании каде уддел имаат Кочо Анѓушев и Хари Локвенец добиле грант од Фондот за иновации.

– Доколку и еден промил од овие тешки обвинувања за тендерите, грантовите… е точен, мораме да се свртиме кон нас самите и јавно да ги осудиме и корегираме овие девијантни однесувања! Живот за сите нема да дозволиме да биде живот за некого или живот за мене, бидејќи така многу лесно ќе преминеме на „темната страна“. Политиката е како атлетика, штафета 4х100. Само еден од тимот да е послаб или немотивиран, целиот тим губи. Јас не сакам ниту ќе дозволам да губи мојот тим – граѓаните на Македонија – напиша тој на неговиот фејсбук профил.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top