среда, 15 август 2018 | Вести денес: 1 ново

Денеска многу жешко, а од утре пресврт

Времето во Македонија ќе биде сончево и топло. Ќе дува умерен, а во западните делови засилен ветер од западен правец. УВ индексот ќе биде 9.

Утринската температура ќе се движи од 12 до 21 степени, а дневната температура од 26 до 39 степени.

Во Скопје ќе биде сончево и топло. Утринската температура ќе достигне до 18 степени, а дневната температура до 38 степени.

Од утре следува период на нестабилно време со пороен дожд и грмежи, а локално се можни и поинтензивни процеси. Ќе дува засилен северозападен ветер, па дневната температура од вторник значително ќе се намали.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top