понеделник, 22 октомври 2018 | Вести денес: 1 ново

Гвардиола: Не ми е јасно зошто се дозволува груба игра на пријателски мечеви

Тимот на Манчестер Сити веќе неколку дена е во САД, каде ја одработува втората фаза од подготовките за претстојната натпреварувачка сезона. „Граѓаните“ синоќа го одиграа и првиот контролен натпревар, кој го загубија минимално од тимот на Борусија Дортмунд (0-1).

По мечот во Чикаго, менаџерот на англискиот тим Пеп Гвардиола истакна дека е загрижен од грубата игра на противникот, како и од делењето на правдата од главниот судија.

– Загрижен сум од таквиот начин на игра. Пробавме да играме фудбал, но нашиот противник беше премногу груб. Затоа постои судија на теренот, тој треба да си ја извршува својата работа, но на овој меч не беше така. Таква груба игра никому не е добра. Нема никаква потреба на подготвителниот период да останеме без неколку играчи поради повреди. Тоа е трагично и смешно, вели шпанскиот стратег.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top