понеделник, 22 октомври 2018 | Вести денес: 1 ново

Падна договор: Гонзало Игуаин оди во Челси за 53 милиони фунти

Аргентинскиот напаѓач Гонзало Игуаин наредниве денови ќе го напушти Јувентус и ќе потпише за Челси. Медиумите од Островот пишуваат дека договорот е веќе постигнат, а клубот од „Стемфорд бриџ“ ќе плати 53 милиони фунти за услугите на Игуаин, каде тој повторно ќе игра под раководство на Маурицио Сари, со кого соработуваше и во Наполи.

Јувентус мора да продаде дел од најдобрите играчи откако Кристијано Роналдо дојде во Торино. За Португалецот ќе треба да се одвојат огромни средства, но треба и да се внимава на финансикиот фер плеј, па заминувањето на Игуаин како еден од најплатените во Јуве беше еден од најлогичните потези и се чекаше само моментот кога двата клуба ќе се договорат за неговиот трансфер.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top