петок, 19 октомври 2018 | Вести денес: 0 ново

Александр Головин пред трансфер во Челси

Мундијалот заврши пред една седмица, а младите фудбалери кои оставија најдобар впечаток на натпреварите во Русија, се барана „роба“ на трансфер пазарот и големите екипи веќе ги пикираа своите идни ѕвезди.

Рускиот репрезентативец Александр Головин, привлече големо внимание со своите настапи, а првиот заинтересиран клуб веќе упати и конкретна понуда до ЦСКА Москва за да го купи овој фудбалер.

Станува збор за Челзи кој нуди 30 милиони евра, а повеќето европски медиуми веќе објавија дека работата е готова и се чека само официјална потврда. А дека тоа е точно, потврди и неговиот поранешен соиграч од ЦСКА, голманот Сергеј Чепчугов, кој на Инстаграм му посака среќа на Головин во Челзи.

– Кога дојде во првиот тим на ЦСКА веднаш ти реков дека мораш напорно да работиш. Две години подоцна заминуваш во голем европски клуб. Ти посакувам да бидеш среќен во Челзи. Уживај и имај убава кариера, напиша Чепчугов на Инстаграм.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top