среда, 15 август 2018 | Вести денес: 1 ново

Ја „скина“ мрежата со шут од далечина: Прекрасен гол на Елмас за Фенербахче (видео)

Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас го постигна водечкиот погодок за својот Фенербахче на пријателскиот натпревар против холандски Фејнорд.

18-годишниот фудбалер без размислување и од „прва“ биеше од далечина по една одбиена топка, затресувајќи ја мрежата на противничкиот тим. Со играта која ја прикажува на подготвителните натпревари, Елмас само му дава дополнителни аргументи на новиот тренер Филип Коку дека ќе може да смета на него во новата сезона.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top