петок, 19 октомври 2018 | Вести денес: 0 ново

Кожата сигнализира на болести: Проверете ги сигналите што ви ги дава

Здравствените проблеми може лесно да се забележат преку нашиот изглед, а нашата кожа е еден од главните индикатори. Затоа е важно да бидеме свесни за сигналите што ни ги дава нашата кожа.
Ние ви ги составивме најчестите проблеми со кожата кои можат да се појават ако има некој проблем со вашето тело.

Темни дамки

Темните дамки кои одеднаш се појавуваат на вашата кожа може да бидат симптом на адренална кортикална инсуфициенција или Адисонова болест.
Луѓето со оваа болест може да чувствуваат болка во мускулите и зглобовите и да го изгубат апетитот. Тие имаат низок крвен притисок и ниско ниво на шеќер во крвта. Сите овие симптоми можат да бидат многу опасни. Ако ги имате, веднаш закажете средба со доктор.

Бели дамки

Болеста кога кожата губи пигментација се вика витилиго. Се развива кога клетките наречени меланоцити се убиени од имунолошкиот систем на телото, предизвикувајќи површината на кожата да се претвори во бела боја, бидејќи клетките повеќе не создаваат пигмент.
Витилиго може да биде последица на адренална кортикална инсуфициенција. Подобро е да закажете средба со ендокринолог или дерматолог.

Осип

Секое ненадејно осипување на кожата покажува дека нешто не е во ред со вашето тело. Тоа би можело да биде алергија на храна, хемикалии, апчиња, па дури и заразна болест, како што се сипаницте.
Во секој случај, подобро е да се обратите кај доктор затоа што алергиските реакции може да доведат до многу сериозни последици, како што се синдромот Стивенс-Џонсон или Лиеловиот синдром. Од друга страна, сипаниците може да предизвикаат компликации, особено кај возрасните.

Едем

Ако секој ден имате едем, време е да посетите ендокринолог, бидејќи тоа може да биде знак на хипотироидизам.
Оваа состојба може да се настане кога тироидната жлезда не успева да произведе доволно количество хормони. Следните симптоми ја придружуваат оваа болест: сува кожа, лице и екстремитети, губење на косата, кревки нокти и зголемување на телесната тежина. Ако ги имате, веднаш побарајте доктор.

Голем број на нови бемки

Постојат многу причини зошто бемките се појавуваат на кожата. Основна е генетската. Ако вашите родители имаат големи бемки, вие исто така може да ги имате. Други причини може да бидат или прекумерната изложеност на ултравиолето зрачење или неурамнотеженоста на хормоните.
Во повеќето случаи, бемките се безопасни. Но, ако нивниот број расте брзо, тие се болни, или менуваат боја и големина, веднаш посетете доктор.

Акни, митесери, запушени пори

Постојат многу причини за појава на акни: кожата лачи премногу масло кое ги запушува порите на лицето, неурамнотеженост на хормоните или проблеми со варењето.
Акните секогаш се последица. Се разбира, неопходно е да се обезбеди соодветна нега на кожата на лицето. Меѓутоа, за да се ослободите од нив, прво треба да ја пронајдете причината, а тоа може да го направи само специјалист.

Испукани дланки

Причините за испукани дланки може да бидат дефицит на витамини, хормонска нерамнотежа, алергиска реакција, себореичен дерматитис, псоријаза и други болести.
Кога испукувањето е интензивно и придружено со други симптоми, тоа може да биде знак на сериозна болест. Но, дури и ако тоа не е, сепак вреди да се посети доктор.

Прекумерно потење

Ако сте во добро проветрена просторија со оптимална температура и не сте нервозни, тогаш не треба да се потите како да трчате крос-кантри трки.
Причината за прекумерно потење може да биде Гравесова болест, автоимуна болест која влијае на тироидната жлезда. Како последица на тоа, кожата станува потенка и постојано чеша. Ако нешто слично се случува со вас, посетете го докторот што е можно поскоро.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top