сабота, 17 ноември 2018 | Вести денес: 18 ново

Ја задавил сопругата на првата брачна ноќ

Пакистанецот ја задавил својата невеста, откако открил дека не е девица. Нејзиното семејство ги чекале младите по венчавката, но почнале да се сомневаат кога не се појавиле, пишува Метро. Кханзади Лашари (19) се уште била во венчаницата кога нејзиниот сопруг Каландар Бакш Кхокхар брутално ја убил. Тоа било нивната прва брачна ноќ.

Нивниот сомнеж се зголемил кога дошле до куќата на младите, а немало никој внатре. Откако семејство насилно влегло во куќата, го пронашле телото на 19 годишната Кханзади на креветот. Младоженецот не го пронашле.

Тие ја информирале полицијата, а братот на невестата поднел пријава и го обвинил Каландар и неговите браќа за смртта на својата сестра. Откако бил приведен, Каландар го признал убиството на својата сопруга.

Младоженецот изјавил дека ја удавил својата сопруга зошто не била девица, а потоа побегнал од куќата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top