среда, 24 октомври 2018 | Вести денес: 1 ново

Општина Кучукчекмеџе ја носи турската култура на Балканот

Проектот “Балкански караван” организиран од страна на општина Кучукчекмеџе, почнувајќи од 18 јули до 5 август 2018 година, со сопствен автобус  уметници и камионет возило со сценографија во  Босна и Херцеговина, Црна Гора, Албанија, Македонија и Косово со различни активности ќе ја претстави турската култура.

Проектот “Балканскиот Караван„ кое се реализира во заедничка соработка и под  раководство на општина Кучукчекмеџе, со поддршка и обезбеден грант од страна на Министерскиот совет за култура и туризам, Институтот Јунус Емре и во соработка со Универзитетот од Тракија, ќе реализираат низа промотивни активности насочени кон промовирање на турската култура во балканските земји. Во рамките на проектот во градовите Босна и Херцеговина (Сараево, Мостар), Црна Гора (Будва), Албанија (Тирана), Македонија (Охрид, Гостивар), Косово (Приштина, Мамуша) ќе има 8 промотивни програми со времетраење по 2 часа.

Во земјите што ќе бидат посетени со проектот “Балкански караван”, ќе се презентираат турски народни ора, куклена театарска претстава со Караѓоз и Хаџиват, дервишки танцови на Семеазени,  сликање врз вода Ебру, стаклена уметност- витраж, Бакарна уметност, Калиграфија, Турско Кахфе, Османлиски Маџун, Шеќерна Волна како дел од традиционалната турска култура ќе биде презентирана пред балканските народи. Проектот “Балкански караван“, започна со одлука донесена на 18 јули, одржана во Општина Ќучукчекмеџе.

Со активностите спроведени во рамките на проектот “Балкански Караван“ има за цел да ја промовира турската култура на Балканот и да ги зајакне постојните историско културни врски со балканските народи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top