петок, 19 октомври 2018 | Вести денес: 0 ново

Во понеделник во девет нова лидерска средба

Премиерот Зоран Заев упатил покани до лидерите на ВМРО ДПМНЕ, ДУИ и Беса за лидерска средба во понедленик во 9 часот наутро, објави ТВ „24“.

Составот на ДИК, референдумското прашање, датумот на референдумот, но и улосвите на ВМРО ДПМНЕ закон за финансирање на партии, измени во законот за Влада и измени во Кривичниот законик се очекува да се најдат на маса меѓу политичката четворка.

По последната лидерска средба сите лидери порачаа дека очекуваат брзо да се најде решение за сите отворени прашања и дека за дел од прашањата има доближувања.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top