вторник, 13 ноември 2018 | Вести денес: 1 ново

Арсовски: На Анѓушев му се заканува казна затвор, обвинителството да не спие (видео)

„Јавно го повикуваме Јавното обвинителство на Република Македонија, да не спие, конечно да се разбуди и да почне да го гони криминалот. Органите за прогон веднаш да поведат постапка против Анѓушев и Деспотовски. Истрага мора да има за ваквиот однос кон народните пари кои што се трошат и се грабат на секој начин. За да нема притисоци врз истражните органи Анѓушев и Деспотовски треба веднаш, уште во моментот да си поднесат оставки.

За да не останат оштетени граѓаните до завршување на судскиот процес, Анѓушев, односно неговата компанија, веднаш тееба да ги врати во буџетот сите 160 000 евра што ги зема – изјави денеска на прес-конференција Димче Арсовски, портпарол на ВМРО ДПМНЕ.

Според него, СДСМ што пипнаа тоа исушија.

– Секое евро што можеа да го искрадат, го искрадоа. Летаат тендери и донации, особено деновиве кога целата јавност е фокусирана на прашањата околу името на Република Македонија, референдумот и договорот со Грција. Пред една недела, вицепремиерот Кочо Анѓушев излезе на говорница и рече дека му било “чест и задоволство и голема радост” што фондот за иновации делел 10,5 милиони евра!

Па како нема да му биде кога на фирма во која што како сопственик тој фигурира негова компанија се доделуваат 160 000 евра. Има ли некој што не би бил толку радосен кога би си доделил самиот на себе 160 000 евра пари на граѓаните за проект кое што се нарекува “ја лееме нашата иднина”. Да, точно е! Тие ја залеаја и нивната, но и иднина на нивните семејства за идните генерации заедно со неговиот кум, кој што исто така е сопственик во истата фирма – рече Арсовски.

Според портпаролот на ВМРО ДПМНЕ, СДСМ ветувал грантови од 10.000 евра за секој млад човек, а на крајот си ги поделија парите за себе.

– Сега целата јавност гледа дека Кочо Анѓушев и останатите од Владата се со една и единствена цел на власт, а тоа е лично да се збогатат лично, да ги натанкираат своите банкарски сметки, и да ги раздолжат фактурите кон оние што ги поставија за потоа да можат да си одат од среќни и задоволни од власта, без ниту грам срам и перде.

Доколку Кочо Анѓушев не знаел, да го потсетиме, дека:Во Законот за спречување на судир за јавни интереси јасно и прецизно пишува:Член 3, Став (1) – “Судир на интереси” подразбира судир на јавните овластувања и должности со приватниот интерес на службеното лице, во кој службеното лице има приватен интерес што влијае или може да влијае врз вршењето на неговите јавни овластувања и должности.

Додека пак, во Кривичниот Законик на Република Македонија јасно и прецизно е предвидено казна затвор за сите оние кои го прекршуваат Законот за судир на интереси. Па така, според Член 353-в од Кривичен Законик на Република Македонија, Став (1) односно (3) – Службено лице или одговорно лице во јавно претпријатие или јавна установа кое со повреда на законските прописи за судир на интересите или за совесно постапување при вршењето на дискреционо овластување, со пропуштање на должен надзор или на друг начин очигледно несовесно постапува во вршењето на своите овластувања и должности и со тоа за себеси ќе прибави или за друг значителна имотна корист или нанесе значителна штета, ќе се казни со затвор од најмалку 3 години.

Значи на Кочо Анѓушев му се заканува казна затвор од најмалку 3 години.

Кочо Анѓушев, заедно со Јован Деспотовски директорот на фондот за иновации и Зоран Заев кој е премиер на Репубика Македонија, беше потпишан на грантовите, односно чековите кои што ги добиваа избраниците.

Господине Анѓушев, немојте да не правите нас граѓаните при очи слепи, при уши глуви и при здрав ум – глупави. Граѓаните не се воопшто глупави како што сакате да ги направите со вашите постапки. Додека обичниот граѓанин кој што го оставивте на улица да живее со корка леб секој ден и да размислува како ќе преживее до утре, додека болните чекаат нечија милост да добијат пари за лечење, вие парите на граѓаните ги трпате во сопствените џебови.

Се надеваме дека сето ова го правите за доброто на вашиот син кој што треба да се врати од скапата Виена и да живее во Македонија, бидејќи јавно му ветивте дека ќе му обезбедите иднина. Но, обезбедувајќи му иднина и луксуз на вашиот син на грбот на граѓаните, уништувате десетици илјади млади животи и иднини во нашата држава. И верувајте дека ќе платите за сите тие млади живот што ги упропастувате секојдневно.

Можеби сега судството е заробено, но не заборавајте дека еден убав сончев ден кога ќе се разбудите, кога нема да биде целотот судство клиентелистичко насторени кон вас, кога правдата ќе излезе на виделина, ќе одговарате за сите овие работи и криминалии кои што ги правите на грбот на граѓаните, бидејќи кривичните дела кои сте ги сториле никогаш не застаруваат – рече Арсовски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top