сабота, 18 август 2018 | Вести денес: 13 ново

Од пластиката не се гледа најубавото море на светот

Овие денови на социјалните мрежи кружи снимка од Карипското море кое е преплавено во пластика. Ужасната сцена е забележана на крајбрежјето на градот Санто Доминго во Доминиканската Република, а покажува дека луѓето немаме ниту малку почит кон природата.

Снимката е објавена со цел да предупреди, привлече внимание и да ги повика граѓаните да водат сметка за природата и да се грижат за истата, како и тоа дека оваа количина на отпад во морето не е добра ниту за нивното здравје.

Организацијата која се занимава со зачувување на животната средина во тамошниот град ги исчисти овие отпадоци.

– После три дена чистење од морето извлековме 30 тони пластика, а работа има уште – стои во описот на снимката која кружи на социјалните мрежи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top