вторник, 13 ноември 2018 | Вести денес: 1 ново

Од нас зависи: Македонците се против договорот со Грција и уставните измени

Анкетата која за МКД.мк минатата недела ја спроведе агенцијата Мaркет висион врз репрезентативен примерок од 1200 испитаници покажа дека дури 74,5% од Македонците не го поддржуваат договорот со Грција. Од дрга страна, пак, 94,5%од Албанците стојат зад договорот на Заев и Ципрас.

Анкетираните Албанци (25% од 1.200 испитаници) сметаат дека договорот со Грција е добар – 94,7 %. Од нив 5,3 отсто одговорија дека не го поддржуваат договорот со Грција за промена на името, а кај Maкедонците тој процент е 74,5. 25,5 отсто од анкетираните Македонци сметаат дека договорот со Грција е добар. Освен кај Ромите и Србите, кај сите други националности (Турци, Власи, Македонци муслимани, Босанци) мнозинството е за договорот.

Таков е односот во однос на сите прашања на телефонската анкетата спроведена од агенцијата Маркет висион од 9 до 15 јули.

На прашањето „дали сте за членство во ЕУ и НАТО со променето име“, 52,1 % од граѓаните ќе одговорат негативно, а 47,9 отсто позитивно.

Расположението на македонските граѓани измерено минатата недела покажа дека 54,1 отсто од анкетираните не го поддржуваат договорот со Грција за промена на името на Република Македонија, а 45,9 се за тој договор. Кога овие резултати ќе ги распределите на 1.200-те испитаници според националната припадност, големи се разликите во ставовите меѓу Македонците и Албанците.

За бојкот на референдумот се 27,5 отсто од испитаниците, а на референдумот ќе учествуваат 47,8 отсто. Повеќе од 24 отсто од испитаниците сѐ уште не одлучиле дали ќе излезат или не на гласањето на референдумот.

Од Македонците 41,9 отсто веќе одлучиле дека ќе излезат на референдумот, а за бојкот се 35,8 отсто (неодлучни се 22,2%).

Кај Албанците, пак имаме спротивна слика – на референдум ќе излезат 61%, а за бојкот се 31,8 % од албанските гласачи.

Во однос на уставните промени, на прашањето „дали верувате дека Македонија ќе биде примена во ЕУ и НАТО доколку го промени уставот и името“, 44,6 отсто од испитаниците одговориле потврдно, а 43,1 % се сомневаат во тоа (12,3% не знаат).

Посомничави се Македонците, 53,9 отсто одговориле дека не веруваат дека со промена на Уставот Македонија ќе биде примена во ЕУ и НАТО, а 32,9 одговориле позитивно на ова прашање.

Кај Албанците, 72,8 отсто веруваат во приемот во ЕУ и НАТО, а 17,5 % одговориле дека не веруваат.

Целата анкета можете да ја видите на МКД.мк.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top