петок, 19 октомври 2018 | Вести денес: 46 ново

Ниските страсти на Заев и Шекеринска не го поткупија националното достоинство и честа на Мицкоски

Лидерската средба што се одржа во Клубот на пратениците во четвртокот поминала со тврди ставови и надмудрувања, а целокупната дискусија на домаќинот на средбата премиерот Зоран Заев се сведувала на операција со бројки за да се стигне до потребната поддршка за референдумот, дознава Курир од неофицијални и непотврдени партиски извори од ВМРО-ДПМНЕ .

Заев и Шекеринска не биле подготвени со аргументи за ниту една од точките, но единствено каде силно настојувале е потребата референдумот да биде успешен и позитивен во однос на поставеното афирмативно прашање за поддршка на договорот со Грција.

Заев отворено побарал од Мицкоски да го повика членството на најголемата опозициска партија да го поддржи договорот со Грција, и за тоа нудел широка влада во која би влегла ВМРО-ДПМНЕ и тоа преземајќи ги три клучни ресори за кои ќе ценат дека им се примамливи, пишува порталот. На ова Мицкоски откако го сослушал Заев му одговорил дека нема намера по ниту една цена да си го погази зборот кој бил даден во јавноста дека договорот е штетен и дека државата со тој договор оди во пропаст.

Заев и покрај одлучното одбивање од страна на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ на маса ставил и последен адут, а тоа е целокупна амнестија за случаите поврзани со СЈО, со услов ВМРО ДПМНЕ да го поддржи договорот на референдум. На ова Мицкоски повторно ја одбил понудата, одговорајќи дека ова меѓу другото е прашање на достоинство, и тоа нема цена, а ставовите на ВМРО-ДПМНЕ кои смета дека конвинираат на интересите на граѓаните и државаата не се пазар, и ставот против договорот не може да се менува во замена на било какви понуди кои би значеле предаство на интресите на државата.

Заев потоа продолжил да убедува дека нормално е да се менуваат ставовите бидејќи тоа било политика, и политичарите мораат да се прилагодуваат на околностите. Мицкоски ја затворил темата со зборовите дека она што можеби за Заев е нормално, во реалната пракса и согласно моралните норми би преставувало измама која тој како човек и политичар не ја прифаќа.

Вчера, по вториот обид да се одржи конструктивна лидерска средба во стеснет состав, за која Република објави дека била далеку од конструктивна, повеќе портали и медиуми блиски до власта објавија информација дека ВМРО-ДПМНЕ, односно Мицкоски, барал амнестија. Од партијата негираа и брифираат дека е апсолутно е неточно дека ВМРО-ДПМНЕ бара и преговара некаква амнестија.

Од партијата посочуваат дека треба да знаат и Заев и Шекеринска дека со ваквата оркестирана кампања, заоснована на невистини и шпекулации, на трикови, и двосмилени потези само ја одалечуваат државата од било каков успешен исход од разговорите кои се започнати.

-ВМРО-ДПМНЕ единствено за што се залага е подобрување на законските решенија и применување на европските пракси, како и обезбедување на механизми за заштита на изразената волја на граѓаните. СДСМ треба да престане да ја дезинформира јавноста и да дефокусира од заложништвото во кое ја втурна прифаќајќи го штетниот договор со Грција, нагласуваат од партијата.

Инаку преговорите меѓу партиите продолжуваат најверојатно во понеделник во Клубот на пратениците. Партиски извори брифираат за Курир дека шансите за било каков договор се намалуваат по серијата дезинформации кои излегоа во претходните денови, а пред се пласирани од провладините гласила.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top