среда, 24 октомври 2018 | Вести денес: 1 ново

Младите ракометари ја згазија Велика Британија среде Скопје

Македонските ракометари до 20 години со убедлива победа над Велика Британија го отворија ЕХФ-шампионатот, кој почна вчера во Скопје.

Нашите ракометни надежи славеа со 32-15, давајќи си ветер во грб на стартот на натпреварувањево. Победата е убедлива, но не смееше да биде поинаква против ривал како Велика Британија.

Нивниот сиромашен квалитет се виде на стартот од натпреварот, кога изненадувачки поведоа со 3-1, но потоа ѝ дозволија на Македонија да направи серија од 12-0. Тогаш првпат поведовме со 10 разлика, а предноста континуирано растеше. На паузата беше 15-5 за избраниците на Данило Брестовац, а вториот дел беше чиста рутина.

Поволниот распоред на македонските ракометари сега им носи два дена одмор, па дуел со вториот аутсајдер во групата, Италија, в понеделник. Реални конкуренти за првите две позиции ни се Швајцарија и Украина, кои денеска веќе се пресметаа. Швајцарците победија со 28-25 и направија чекор кон полуфиналето.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top