четврток, 16 август 2018 | Вести денес: 1 ново

Путин има неочекуван план за стадионите од СП

Претседателот на Русија, Владимир Путин, кажа дека 12. стадиони кои беа користени за време на Светското првенство ќе останат за да се игра фудбал на нив, а нема да бидат претворени во концертни сали и изложбени простори.

Русија од средината на јуни до средината на јули беше домаќин на Мундијалот во 11 градови, а по завршувањето на натпреварувањето, вниманието е насочено кон инфраструктурата.

На состанокот со Владата и спортските претставници во Калининград, Путин најави финансиска поддршка за сите стадиони во наредните пет години.

-Споменувате концертни сали, туризам и комерцијални простори. Тоа е во ред, но стадионите мора да бидат полни. Во идеална ситуација мораме да се потрудиме на секој стадион да има тим, вели Путин.

Од 12 стадиони кои се користеа за Мундијалот, само шест се целосно нови, додека останатите се реновирани. Половина од нив се стадиони на учесници во руската Премиерлига.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top