сабота, 18 август 2018 | Вести денес: 13 ново

Ако референдумот е неуспешен не може во период во две години да се постави истото рефрендумско прашање

Универзитеската професорка Гордана Силјановска во нејзиното гостување во отвореното студио на Алфа Телевизија вели дека во законот за референдум јасно е дека на прашањето може да се одговори со да или со не, но исто така јасно е дека неизлегувањето на избори и негласањето е изразуваање на личен став. Силјановска ги посочи примерите во 1991 и 2004 година каде имало бојкот. Посебно таа се наврати на бојкотот од 2004 година каде посочи дека нема прашања што не заслужуват одговор во однос на европската повелба која гласи дека не може да се изврши територијалната поделба ако не се прашаат претходно граѓаните.

„Ние секој ден имаме кампања на медиумите, се појавуваат министри велат дека сите треба да гласаат За дека не треба да има против. Не знам зошто организираме референдум кога сите треба да гласаат позитивно. Во врска ако референдумот е неуспешен не може во период во 2 години да се постави истото рефрендумско прашање. Собранието е должно во рок од 60 дена да го уреди прашањето во согласност со резулатите од истиот. Се се враќа назад бидејќи не важат обврските на Грција и ние тоа го чувме од генералниот Секретар на НАТО“ – вели Силјановска.

Силјановска додава дека Владата и премиерот кога превземаат чекори во однос на референдумот требаат да ги имаат во предвид сите прашања па и она во кое референдумот е неуспешен. Таа додава дека повелбата на ОН збори за право на самоопределување на секој народ како колективно право. Според неа тезата дека географската одредница е најдоброто решение не е точна

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top