петок, 19 октомври 2018 | Вести денес: 0 ново

Силјановска: Прашањето за референдум е непрецизно, конфузно, сугестибилно

Универтитеската професорка Гордана Силјановска во нејзиното гостување во отвореното студио на Алфа Телевизија вели дека во секое мислење на Венецијанската комисија се потенцира дека покрај стандардните избори треба да се овозможи еден инклузивен процес на одлучување што значи дека не може без опозиција. Според неа не треба да не се посега по промени во изборната регулатива непосредно пред одржување на референдумот.

„Венецијанската комисија вели дека однапред треба да се овозможат механизми да се избегнат блокади но никогаш не рекла дека треба да се намали мнозинството за избор на ДИК. Венецијанската комисија секогаш се држи за владеењето на правото и мислењето се однесуваше за ДИК на Црна Гора дека може да дојде до блокада и дека треба да има механизми за да се избегне таа блокада. Венецијанската комисја во воведните одреби потенцира дека е потребно да се избере широк консензус“ – рече Силјановска

Во врска со прашањето за референдумското прашање Силјановска додава дека прашањето е непрецизно, конфузно и не ја таргетира суштината

„Ова прашање е непрецизно, конфузно, сугестибилно. На рефрендумот има можност да се постават повеќе прашања одвоени. Комбинациите доволно говорат дека не е така. Дали сте за членство во ЕУ е едно прашање. Дали сте за членство во НАТО е друго прашање. Објаснете ми сега што е предмет на консултација со името. Објект на референдумското прашање треба да биде името. Референдумстото прашање треба да ја таргетира суштината. Рефернумското прашање треба да биде: Дали сте за промена на името“ вели Силјановска

Во однос на тоа дека изборот за ДИК е пратен во комисјата за европски прашања таа вели дека европското знаменце е злоупотребено.

„По трет пат е злоупотребено европското знаме, да не кажам искинато. Тоа е принцип односно владеење на правото. Кај нас се во парламентот се одбива во комисјата за европски прашања. Матична комисија за овој закон не е таа, не вршиме услогласување, нема директива и стандарди рече“ – Силјановска.

Консултативниот референдум според Силјановска не ни правно е издржан ни логичен. Таа вели дека според Уставот на Република Македонија не постојат одредби за консултативен референдум. Силјановска додава дека пред да распише било каков референдум прво треба да се креира амбиент во кој граѓаните ќе излезат но и треба да се создаде амбиент за реализацијата на истиот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top