сабота, 18 август 2018 | Вести денес: 69 ново

Што прават најсреќните парови пред спиење

Ако нешто не ви оди во заедничкиот живот со вашиот партнер, можеби една од причините за незадоволството се погрешните ритуали што ги имате пред спиење. Имено, многу љубовни терапевти сметаат дека паровите би требало да си посветат време еден на друг пред конечно да заспијат. Тоа ќе ги направи позадоволни и ќе делува позитивно на квалитетот на сонот, но и на заедничкото утро. Ова се навиките што најсреќните парови ги практикуваат пред спиење…

1. Исклучете ги мобилните телефони или само тонот и тргнете ги уредите што е можно подалеку од креветот
Зависноста од социјалните мрежи предизвикува лачење на окситоцин во телото. Се верува дека овој хормон создава чувство на задоволство и приврзаност со другите луѓе. Писхотерапевтката Карол Кери ве советува да се придржувате до едно едноставно правило: Исклучувајте ги телефоните секоја вечер во 21 часот.

2. Заборавете на работата
Природно е кога сме фрустрирани од некоја ситуација на работа да имаме потреба тоа со некого и да го споделиме. Иако не е во ред постојано да ги оптоварувате другите со вашите проблеми, и за вас и за вашиот партнер ќе подобро ако накратко раскажете што ви се случило веднаш кога ќе си дојдете дома од работа. Ако го водите овој разговор во моментот кога се подготвувате за спиење, ќе си го влошите и вашето и расположението на партнерот.

3. Легнувајте си во исто време со партнерот
Многу парови не се гледаат многу во текот на денот и згора на тоа, одат на спиење во различно време. Според истражувањата на психологот Курт Смит, среќните парови заедно си ги мијат забите и одат на спиење истовремено. На тој начин ја задржуваат топлината и блискоста во врската.

4. Не спијте заедно со децата и домашните миленици
Ако имате деца, нормално е тие да спијат во своите кревети. Единствено тогаш кога имаат кошмари можете да им дозволите да прилегнат меѓу вас и вашиот партнер. Треба да се држите до истото правило и тогаш кога се во прашање вашите домашни миленици. Спалната соба и брачниот кревет би требало да бидат ваши приватни простори кои ги користите за да ја сочувате блискоста меѓу вас.

5. Не заборавајте да се бакнете или помилувате малку пред спиење
Прегратката и бакнежот на вашите сакани максимално ќе ве опуштат и ќе ве исполнат со позитивни мисли, што е неопходно за добар сон, но и квалитетна врска. Ако се држите до овие навики, веќе сте на половина пат до заедничката среќа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top