среда, 24 октомври 2018 | Вести денес: 1 ново

Инспектори Град Скопје почнаа да ги бележат терасите на кафаните

Град Скопје денеска почна да ги бележи терасите на кафеаните, за да се спречи узурпација на јавната површина. Инспектори од Град Скопје заедно со работници од ЈП „Улици и патишта“ низ Дебар Маало ги мереа терасите на кафулињата и со црвена лента бележеа до каде може да им бидат распослани масите и столиците.

Откако Градот ќе ги обележи терасите, општинските инпектори треба да вршат контрола на терен и ако има отстапувања да ги казнуваат угостителите. Казните се движат од 500 евра нагоре.

Одлуката која Советот на Град Скопје по предлог на градоначалникот Петре Шилегов ја изгласа на 11 април, предвидува на јавните површини на кои ќе се поставуваат маси и столици да има слободна проодна површина од 2,5 метри почнувајќи од рабниците или велосипедските патеки. На оние тротоари каде има дрва, столбови или друга опрема тогаш просторот за пешаци не треба да биде помал од 1,2 метри.

Угостителите во рамките на дозволената тераса да можат да постават и монтажна платформа со висина од 15 сантиметри, а настрешниците да бидат прицврстени со две греди кои треба исто така да се наоѓаат во рамките на обележаната површина за тераси.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top