петок, 19 октомври 2018 | Вести денес: 0 ново

Охрид: Му дал 400 евра за пушка и хармоника, кога му ги вратил парите, му барал уште толку

Секторот за внатрешни работи Охрид поднесе кривична пријава против Љ.Д. (27) од Охрид за сторенo кривично дело “изнуда“.

Во текот на декември 2016 година пријавениот му позајмил 400 евра на Н.А. (40) од Охрид, кој како залог му дал ловна пушка и хармоника. По околу два месеци, Н.А. му вратил 400 евра на пријавениот, како и дополнителни 10.000 денари, но пријавениот на истиот, му побарал дополнителни 400 евра за да му го врати залогот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top