петок, 19 октомври 2018 | Вести денес: 0 ново

Харадинај: Размената на територии значи војна и трагедија за Балканот

Косовскиот премиер Рамуш Харадинај се противи дури и на споменувањето на поделбата на Косово, односно размената на територии со Србија, и смета дека такво нешто би предизвикало трагедија за целиот Балкан, јави дописникот на МИА од Приштина.

– Поделбата за мене значи војна и ова го тврдам недвосмилено, изјави Харадинај во интервју за телевизијата Дукаѓини.

Тој порача дека „во овие околности“ не може да има делба или размена на територии и дека „поместувањето граници претставува голема опасност“.

– Не е добро да се споменува поделбата. Било кој што споменува поделба, поради било кои причини, греши, сака да му донесе трагедија на Балканот, порача косовскиот премиер.

Во последно време и во Србија и во Косово во медиумите се изнесуваат идеи дека Приштина и Белград би можеле да постигнат конечен договор, кој ќе подразбира и размена на територии.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top