сабота, 18 август 2018 | Вести денес: 13 ново

Ресен: Закани за извршителот додека се рушел кафе-бар, на роднина на должникот и се слошило

Вчераутро околу 9 часот по претходно доставено барање до Полициска станица Ресен за асистенција од Извршител од Битола, била дадена асистенција за извршување во објектот (кафе бар) лоциран на градскиот плоштад во Ресен.

Откако се пристпапило кон рушење на објектот од страна на поголема група на лица, истите биле спречени во намерата по што било побарано поголемо полициско обезбедување и истите формирале кордон за заштита. Од страна на присутните лица биле упатувани закани кон извршителот, адвокатите и другите лица и во еден момент на едно женско лице од Ресен, роднина на должниците и се слошило при што интервенирала екипа на Јавна здравствена установа Ресен.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top