сабота, 18 август 2018 | Вести денес: 69 ново

Несреќа во Дебар Mаало: Скопјанец се лизнал додека пренесувал печка, починал на самото место

Вчераутро околу 09 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје било пријавено дека на улицата „Дебарца“, општина Центар, З.П. (54) од Скопје додека пренесувал печка од бурекџилница во подрумска просторија, се лизнал по скалите и од здобиените повреди починал на самото место.

Од страна на лекар од Итната медицинска помош констатирана била смрт. По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е дадено на обдукција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top