вторник, 16 октомври 2018 | Вести денес: 99 ново

Загина камионџија на автопатот Гевгелија-Скопје

Педесет и седумгодишен скопјанец загинал вчера кога со камион излетал од коловозот, удрил во заштитната метална ограда и се превртел на автопатот Гевгелија-Скопје.

Како што е наведено во полицискиот билтен, вчера околу 18:30 часот било пријавено дека на автопатот Гевгелија-Скопје, С.Г.(57) од Скопје управувајќи товарно моторно возило „Мерцедес“ со полуприколка „Шмитц“ изгубил контрола над возилото, излетал од коловозот, удрил во заштитната метална ограда и се превртел.

По незгодата возачот С.Г. со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Јавната здравствена установа Гевгелија, каде починал.

Извршен бил увид на местото на настанот и се работи на целосно расчистување на случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top