сабота, 18 август 2018 | Вести денес: 69 ново

Противуставен консултативен референдум

 Михајло Маневски

Консултатиевен референдум не е обврзувачки за никого

Одкако велепредавникот Зоран Заев самиот се стави во стапица со срамно, недолично и лесноумно прифаќање на сите барања на грчката страна, со што ја доведе Република Македонија во понижувачка положба со штетен  капитулантски догорвор, сега кога се најде во тесно во септичка јама заглавен до гуша, во паника очајнички бара излез во консултативен референдум. Консултативниот референдум е најлесниот степен на референдум и нема никаков обврзувачки карактер. Ај што се срамоти самиот, како понизен слуга, без срам и без образ, сега кога поминаа преградките и подчукнувањето по рамо како благодарност за срамното предавство, барем сега да не ја срамоти државата, ако има барем и малку чувство на одговорност.

                           Според Уставот и Законот за референдум  за стапување во сојуз или заедница со други држави  мора да  се спроведе задолжителен  референдум

Во Уставот на Република Македонија се предвидува задолжителен референдум за одлука за стапување или истапување од сојуз или заедница со други држави.             Според членот 120 став 3, одлуката за стапување или истапување од сојуз или заедница со други држави е усвоена, ако на референдум за неа гласале мнозинството од вкупниот број избирачи. Тоа значи дека на референдумот граѓаните донесуваат одлука.

Освен во Уставот, во членот 23 од Законот за референдум и други облици на непосредно изјаснување, референдум на државно ниво задолжително се распишува за усвојување на одлука на Собранието за менување на границата на Република Македонија и на одлука за стапување или истапување од сојуз или заедница со други држави. Тоа значи дека за стапување или истапување од сојуз или заедница со други држави, референдунмот е задолжителен. Според членот 29 од Законот за референдум, одлуката за стапување или истапување од сојуз или заедница со други држави се усвоена, ако на референдумот за неа гласале мнозинството од вкупниот број граѓани запишани во Избирачкиот список. Тоа значи дека за да се донесе таква одлука, на референдумот треба да гласаат 907.322+1 од вкупно запишаните 1.814.644 гласачи во избирачкиот список и сите тие да гласаат ЗА. Донесената одлука според ставот 2 на овој член е задолжителна. Многу е јасно зошто Зоран Заев како од огин бега од задолжителен референдиум, затоа што ниту во сон не може да сонува дека на задолжителен референдум може да освои такво мнозинство.

Со тоа што Зоран Заев промовира консултативен референдум за прашање за  стапување во сојуз со други држави, за кое во Уставот и Законот за референдум е предвиден задолжителен референдум, свесно и грубо го крши Уставот и Законот за референдум и со тоа ја злоупотребува положбата и врши кривично дело Загрозување на независноста од членот 308 од Кривичниот законик.

             Консултатиевен референдум не е обврзувачки за никого

Според членот 27 од Законот за референдум, за претходно консултирање на граѓаните за прашања од пошироко значење за Република Македонија може да се распише референдум на државно ниво за консултирање на граѓаните (референдум за консултирање). Одлуката од гласањето на консултативниот референдум не е обврзувачка за никого. Консултативен референдум на државно ниво може да се распише за прашања од пошироко значење за Република Македонија. Законот ги издвојува прашањата од пошироко значење за државата за кои може да се распише консултативен референдум, од прашањата за стапување или истапување од  сојуз со други држави, за кои се предвидува задолжителен референдум. Консултативен референдум можеше на пример да се распише пред ратификацијата на капитулантскиот договорот со Република Грција или за Законот за употреба на јазиците или за други прашања од пошироко значење, за кои треба да се види мислењето на граѓаните.

Наместо консултација на граѓаните за значајни прашања, целокупната активност на Зоран Заев и Владата се сведува на грубо насилие врз демократијата, врз Уставот и законите. Разработена е шема на злоупотреба на Европско знаменце за донесување на така значајни закони од судбоносен карактер по брза постапка, без никаква дебата и никаква дискусија и со заобиколување на надлежните тела во Собранисто. Предводена од Зоран Заев, беспрекорно функционира тројката Османи, Груби и Џафери и веќе се докажаа во практиката. Тоа и сега се случува со предлагање на Изборниот законик по брза посрапка и со европско знаменце, со цел да се измени двотретинското мнозинство за избор на членови на ДИК.  Изборниот законик никогаш досега не бил донесен без согласност на сите политички субјекти и секогаш бил донесуаван со консензус.

Веќе стана практика, најзначајните закони да се носат на мускули. Ништо не е важно за властодржците. За нив е важно само тоа дека имаат мнозинство и можат да прават што сакаат, му се бендисувалио тоа некому или не. Тоа е типична слика на диктаторско и апсолутистичко, а не демократско владеење и вршење на власта.

Зоран Заев и неговата Влада веќе немаат никанов маневарски простор и никаква подршка од народот. Се што имаа, злоупотребија и опустошија. Државата ја доведоа на работ на пропаст и крајно време е да си заминат од власта со колективна оставка.

Ставовите искажани во рубриката Колумни се лични ставови на авторите и не се автоматски и ставови на редакцијата на Republika.mk. Редакцијата на Republika.mk се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top