вторник, 16 октомври 2018 | Вести денес: 99 ново

Милошоски: Зошто Владата ја крие анкетата спроведена во јули?

Пратеникот Антонио Милошоски преку статус на својот Фејсбук профил запраша „зошто Владата ја крие анкетата спроведена во јули“, на прашањето колку „Дали ќе излезете на референдум“.

„Зошто владата ја крие анкетата спроведена во јули?!

На прашањето дали ќе излезете на референдумот, на ниво на Македонија, само 31% одговориле дека ќе гласаат, што е 562.000 од вкупно 1.814.600 запишани гласачи.

Мнозинството одговориле дека се за #бојкот.

Во Битола, на општинско ниво, само 22% од испитаниците рекле дека ќе излезат на референдумот (18.000 од вкупно 83.000 запишани гласачи)“, напиша Милошоски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top